Времето утре 24.03.2020

март 23, 2020

Времето утре 24.03.2020

Во Македонија денес имавме облачно време со врнежи од дожд и снег, ветровито и студено време. Во текот на ноќта во поголем дел од Македонија врнежите ќе продолжат, особено во североисточните, источните и југоисточните предели каде што ќе бидат поинтензивни и претежно со врнежи од снег.

ЕВРОПА –  Во вторник над најголем дел од Европа имаме доминација на широко поле на висок воздушен притисок и студено време со невообичаено ниски температури за овој период од годината. Во поголем дел од Апенинскиот и Балканскиот полуостров нестабилно време со врнежи од дожд и снег и студено време.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров нестабилно време со врнежи од дожд и снег, ветровито и студено време. Во северните предели на полуостровот стабилно време со сончеви периоди. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник облачно време со врнежи од дожд и снег, ветровито и студено време за овој период од годината. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните, југоисточните и централните предели, додека пак сосема слаб интензитет се очекува во крајните западни и југозападни предели. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Минималните температури од -7 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури во Македонија ќе достигнат до -1 односно до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда и четврток умерено облачно и нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд а над 800 метри надморска висина со слаби врнежи од снег. Минималните температури од -5 до 3 односно од -3 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 8 односно од 3 до 11 степени. Во петок претежно облачно и потопло време, во северозападните, западните и југозападните предели со врнежи од дожд, а на повисоките предели со врнежи од снег. Максималната температури од 5 до 13 степени. Во сабота во Македонија умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време. Минималните температури од 1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 14 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда и четврток облачно време со слаби врнежи од дожд, ветровито и потопло време со пораст на дневната температура на 5 односно 8 степени. Во Скопје во петок облачно и суво време со температура до 10 степени. Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди и максимални 11 степени.